Карневалски групи од Струмица учествуваа на карневалот во Разлог, Бугарија

43

Карневалските групи „Мулен Руж“ и „Струма“ од Струмица, изминатиот викенд учествувале на карневалот во Разлог, Бугарија, каде што се претставиле со своите уникатни маски.

Во информацијата објавена на веб-страницата на Општина Струмица се наведува дека со својот уникатен кореографски настап и впечатлива костимографија, струмичките карневалисти ја плениле публиката на плоштадот „Преображение“, која ги пречекала и поддржала со громогласен аплауз.

– Ова учество е уште еден доказ за длабокото пријателство меѓу Општина Струмица и Општина Разлог, и ја потврдува посветеноста на двете општини за натамошна соработка. Со оваа можност, се надеваме на продолжување на успешните и креативни заеднички иницијативи помеѓу нашите општини во иднина – информираат од Општина Струмица.

Годинашното издание на Интернационалниот струмички карневал ќе се одржи од 26 февруари до 5 март под мотото „Да прославиме“, а главната карневалска вечер ќе се одржи на 1 март, кога низ улиците на Струмица ќе продефилираат голем број маскирани учесници од земјава и странство.

 

ИЗДВОЕНИ