Карлсон ја обвинува администрацијата на Бајден: ПЛАНИРАЛЕ ДА ГО УБИЈАТ ПУТИН?

2522
EPA-EFE/ALEXANDER ZEMLIANICHENKO

Американскиот новинар Такер Карлсон изјави дека администрацијата на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден се обидела да го убие рускиот претседател Владимир Путин.

– Тони Блинкен (поранешен државен секретар на САД) толку силно притискаше за вистинска војна, обидувајќи се да го убие Путин, на пример. Она што го направи администрацијата на Бајден беше обидот да го убие Путин“, рече Карлсон во интервју со новинарот Мет Таиби.

Карлсон, сепак, не даде детали или докази за неговите тврдења: кога и каде тоа можело да се случи, ниту други околности на подготовките за можен обид за атентат.

Новинарот исто така истакна дека овие обиди ги смета за „лудост“. Според него, тимот на Бајден направил такви обиди бидејќи за поранешната американска администрација „хаосот претставувал заштитен параван“.

ИЗДВОЕНИ