Карлос Саинц со Вилијамс влегува во нова ера во кариерата, а промената во тимот донесе и промена во погонската единица. Шпанецот по три години го напушти Ферари поради доаѓањето на Луис Хамилтон, а бидејќи сите позиции во водечките тимови беа пополнети, реши да го прифати предизвикот во Вилијамс.

  • Ми се допаѓа синото, лесно се комбинира. Плус, поминав половина тимови во првенството во последните 10 години, не знам дали е тоа добро или лошо, но знам многу за тоа како функционира секој од нив. Овој потег е секако најголемата промена досега, но тоа не е нешто на што веќе не сум навикнат, со нетрпение го очекувам овој предизвик. Сакам да уживам, се чувствувам како дома и тоа е најважно, изјави Саинц.

Тој досега возеше за Торо Росо (сега Рејсинг), Ред Бул, Рено, Мекларен и Ферари, а сега пристигна во шестиот тим во кариерата. Посебен новитет за Саинц е префрлувањето на погонски агрегат на Мерцедес, што е првпат да вози болид со овој мотор.

  • Можам да зборувам за Абу Даби и за првите кругови што ги извозев таму, но најголемата промена е секогаш погонската единица, во случај на промена. Сè е различно, дури и ако другите нешта ми се поинакви во однос на претходно, сепак ова е најголемата разлика, од чувството, звукот, копчињата…, истакна Шпанецот.

Што се однесува до претстојната сезона, Саинц е реален за своите шанси и не поставува нереални очекувања.

  • Подиум на почетокот на сезоната би било изненадување. Ова е преодна година за 2026 година, која доаѓа и сè се менува. Иако разликите се мали, што ги видовме минатата година во квалификациите, тешко е да се најдат тие три или четири десетинки во такви услови. Ќе биде тешко да се бориме за Топ10, но јас сум подготвен. Ако дојде подиумот, ќе бидам среќен, но не влегувам во сезоната со такви амбиции, истакна возачот на Вилијамс.

Новата сезона во Формула 1 започнува со Големата награда на Австралија на 16 март.

ИЗДВОЕНИ