Шпанскиот возач на Вилијамс, Карлос Саинц доби драконска казна по трката за Големата награда на Јапонија во Формула 1. Причината е неверојатна, а Карлос ќе биде полесен за 20.000 евра (условно 10.000), бидејќи не успеал да стигне додека се интонирал химната на Јапонија.
Националната химна се свири на 46 минути пред почетокот на трката, а Саинц во тој момент не бил на одреденото место. Карлос имаше добро оправдување, бидејќи имаше стомачни проблеми, што лекарот го потврди, но немаше милост за него.
– Возачот изјави дека непосредно пред изведувањето на државната химна имал стомачни проблеми поради кои доцнел на стартот. Ова го потврди доктор Месина од тимот на Мед-Екс, кој на возачот му дал соодветна терапија.
Така, патување во тоалет од 10.000 евра… сигурно ќе го памети цел живот.
Иначе на трката победи возачот на Ред бул, Макс Верстапен. Холанѓанецот славеше четврта година по ред на „Сузука“, а со тоа ја забележа и првата победа сезонава, пред Ландо Норис во Мекларен. Ним на подиумот им се придружи колегата од Норис, Оскар Пјастри.
По нив следуваше Шарл Леклер, кој ја забележа јубилејната 150. трка во кариерата, потоа Џорџ Расел, Андреа Антонели, Луис Хамилтон, а во топ-10 влегоа и Исак Хајар, Алекс Албон и одличниот Оли Берман.
Трката на „Сузука“ беше обележана со инцидент на излезот од боксот, во истиот момент кога тргнаа Верстапен и Норис да менуваат гуми. Четирикратниот светски шампион ја задржа линијата, Британецот се обиде да го престигне преку неа. Се чинеше дека Верстапен малку го турна, па тој излета на тревата, но директорот на трката оцени дека нема потреба од дополнителна истрага.