Карлос Алкараз е еден од хероите на победата на шпанската репрезентација над Франција, која им беше доволна за пласман во четвртфиналето во Дејвис купот.

По овој натпревар, Шпанецот зборуваше за неколку интересни детали во кариерата кои многумина ги забележаа на теренот.

Имено, Алкарас е познат по тоа што најчесто се насмевнува на теренот, а на таа тема проговори и Карлос, каде откри интересни детали.

  • Понекогаш на теренот принудно се смеам. Вистина е дека има ситуации кога се насмевнувам затоа што се принудувам да го направам тоа иако не ми се допаѓа. Но, понекогаш тоа функционира и ми помага да играм подобро. Динамиката се менува и навистина од тој момент почнувам повеќе да уживам на теренот. Но, не е секогаш така, понекогаш нема спас, изјави Алкарас.