Карлос Алкараз, тенисерот од кого многу се очекува во иднима, во новата сезона влегува со ново „оружје“. Најмладиот број еден во историјата, минатогодишниот шампион на Ролан Гарос и Вимблдон, го промени рекетот. Тој додаде пет грама тежина и очекува тоа да му даде уште поголема моќ во ударите.
„Промената е дополнителна помош во удирањето“, објаснува за „Марка“ Самуел Лопез, новиот член на стручниот штаб на 21-годишниот Шпанец.
Лопес до неодамна работеше со Пабло Карењо-Буста, но ја смени работата и сега е дел од стручниот штаб на Алкараз.
„Со вакво забрзување ќе Карлитос ќе добие на сила. Со неговиот квалитет на удари, од потешкиот рекет ќе има голема помош. Колку доби со оваа промена веќе забележавме на подготовките“, додаде тренерот Лопез.
Алкараз прво пробал многу различни рекети, додека не дошол до заклучок кој најмногу му одговара.