Јелена Карлеуша повторно е во центарот на вниманието на српската јавност – но не поради нејзината музика. Таа го поддржа претседателот Александар Вучиќ и ги осуди студентите кои протестираат низ Србија.
Инаку, повеќе од 40 државни факултети во Србија официјално се под блокада, а студентите бараат одговорност од надлежните за смртта на 15 граѓани во уривањето на покривот на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември.
Денеска Карлеуша се огласи на својот официјален Инстаграм профил и отиде чекор понатаму.
Таа е подготвена да започне политичка кариера.
„По завршувањето на мандатот на претседателот Александар Вучиќ (иако мислам дека тој ја заслужува доживотна функцијата претседател), планирам да се кандидирам за претседател на Србија“, напиша пејачката.
И однапред го знае епилогот од изборите.
И ќе победам“, напиша Карлеуша.
Набрзо нејзиниот пост исчезна од Инстаграм.