Заради темелна реконструкција на просториите на КАРИЛ, оваа установа во наредниот период ќе функционира со намален капацитет, најави министерот за здравство Арбен Таравари, кој во петокот ја посети УК за ТОАРИЛУЦ по повод подготвителните активности, кои се во завршна фаза за отпочнување на темелна реконструкција на просториите на КАРИЛ, која се реализира за првпат.
-Заради внимателно и безбедно пристапување кон реконструкција на КАРИЛ, информираме дека оваа установа во наредниот период ќе функционира со намален капацитет, за што се известени сите јавни здравствени установи во државата. Дел од пациентите ќе преземат ГОБ „8 Септември“, Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ и Клиниката за неврохирургија, согласно изготвениот интерклинички план, во соработка со Министерството за здравство, информираат од Министерството.
Согласно планот, овие јавни здравствени установи ќе преземат точно утврден број пациенти, со заеднички договор со јавните здравствени установи. Оваа капитална инвестиција е од национален интерес и првпат од основањето на клинички центар се пристапува кон темелна реконструкција на КАРИЛ.