Специјализираната веб-страница „Спортико“ ја објави листата на 100 најплатени спортисти во светот. На неа се наоѓаат спортисти од осум спортови, 27 земји, кои заедно заработија 6,2 милијарди долари во 2024 година. Ниту една спортистка не е во ТОП 100, а најмногу кај дамите заработила тенисерката Коко Гоф – 30,4 милиони долари.

Најмногу заработил фудбалерот Кристијано Роналдо (260 милиони), а потоа следат кошаркарот Стеф Кари (153,8), боксерот Тајсон Фјури (147), фудбалерот Лионел Меси (135) и кошаркарот Леброн Џејмс (133,2).

Во топ 10 се и фудбалерот Неимар (133), боксерот Александр Усик (122), фудбалерите Карим Бензема (116) и Килијан Мбапе (110) и голферот Џон Рам (105,8).

ИЗДВОЕНИ