Во Ватикан, како и обично, не навлегуваат во детали за болеста на папата и за деталните причини поради кои е задржан во римската болница „Агостино Џемели“, додека во тек се интензивни подготовки за сите можни сценарија.
Во Ватикан никогаш не е забележано дека кардиналите учествуваат во процесот на „предконклава“, бидејќи Францис најави дека очекува „здрава конклава“ на која ќе биде избран неговиот наследник. Практично, тоа значи дека деновиве кардиналите отворено разговараат за „папа по папата“, за да се договорат за новиот поглавар, додека сѐ уште е жив сегашниот. Тоа го имало отсекогаш, но Франциск на некој начин го легализираше тој процес и ја отстрани од него мистеријата и избегнувањето на заговори.
Папата Франциск со тоа отвори „предконклава“ и ги легализираше состаноците на кардиналите зад затворени врати, кои интензивно се одржуваат во Ватикан, додека од болницата доаѓаат информации. Папата Франциск, кој има 88 години, долго време е во лоша здравствена состојба, склон на респираторни инфекции, особено во зимските месеци, а лекарите од болницата во која се лекувале поранешните папи потврдуваат дека и сега се работи за инфекција на респираторниот тракт и лоша крвна слика и дека врз основа на тестовите треба да се измени третманот.
Познато е и дека папата во последните месеци двапати падна и ги повреди брадата и раката и дека има се поголеми проблеми во извршувањето на редовните активности, како и дека поради „сложената клиничка слика“ би можел да остане подолго во болница.
Папата му го продолжи мандатот на кардиналот Џовани Батиста Рео, кој има 91 година и е декан на „колеџот на кардинали“, исклучително важен за подготовката на идната конклава. Деканот игра важна улога. Франциск има целосна доверба во кардиналот Рео и неговиот заменик, продекан, аргентинскиот кардинал Леонардо Сандри. Тоа докажува дека Фрациск, цел живот реалистичен, се подготвува „за заминување“ и времето по него, со особена желба наследникот да продолжи во насоката што тој ја трасираше.
Во Светата столица владее некаква опсадна состојба и целосна подготвеност, бидејќи болеста на Папата дојде во чувствителен момент за целиот свет, а ватиканската дипломатија во режија на папата има, зад сцената, важна улога. Многу деликатни работи презеде државниот секретар Пјетро Паролин, кој се обидува да ги усогласи ставовите на 138-те кардинали кои можат да гласаат на конклавата. Тоа е и апсолутен рекорд, бидејќи на конклавата на која беше избран Франциск, учествуваа 115 од нив.
Сега има многу посериозна пресметка за тоа кој ќе дојде на чело на католичката црква по Франциск, а кардиналот Паролин е еден од сериозните кандидати. Се споменуваат и Пјербатиста Пикабала, Ерусалимскиот патријарх, Италијанецот Матео Зупи и кардиналите од Филипините, Шри Ланка и многу други земји. Доколку конклавата би се одржала сега, за избор на нов папа би биле потребни 92 кардинални гласа, а Франциск е свесен дека тоа е многу тешко остварливо, бидејќи има бројни струи.
Биографиите на кандидатите се детални, а на големо се пресметува дали самиот Франциск издвоил некого како свој фаворит, иако тоа не е обичај. Повторно се отвора можноста и Франциск да одлучи да се пензионира, особено што неодамна јавно призна дека тешко чита. Нерадо замина во болница, а сега неговите соработници ја смируваат јавноста додека трае новинарската опасада на римската болница.