Поранешниот фрнцуски ракометен репрезентативец Никола Карабатиќ, откако реши да се пензионира пред само неколку месеци, доби нова улога и ќе биде промотор и амбасадор за медиумската куќа „БЕИН Спортс“, а прв ангажман ќе му биде Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка.

Прв натпревар на кој ќе работи ќе биде пријателскиот дуел помеѓу Франција и Чешка, а се игра во очи на ракометниот Мундијал. Во следните две години Карабатиќ ќе го гледаме како промотор на „БЕИН“ и на други спортски настани како финалето на НБА лигата, американскиот Супербоул, тениските Грен-Слем турнири…

Французинот со српско потекло важи за еден од најдобрите ракометари на сите времиња, а во богатата кариера освои безброј трофеи со француската репрезентација и со клубовите во кои настапуваше.

ИЗДВОЕНИ