Канје Вест остана без веб-страницата: Продавал маици со нацистички симболи

117
EPA-EFE/ALLISON DINNER

Онлајн шопинг платформата на Канје Вест, Yeezy, беше отстранета откако раперот почна да продава маици со свастика, познат симбол на нацистичката партија, усвоен од Адолф Хитлер во 1920 година.

Раперот, познат и како Ye, користел реклама за Супер Боул во неделата за да ги насочи луѓето на неговата веб-страница да купат облека со нацистичкиот симбол – фотографија која често ја користат екстремно десничарските групи.

Платформата за е-трговија Shopify, која е домеин на многу онлајн продавници и бизниси, ја деактивираше неговата страница.

„Сите трговци се одговорни да се придржуваат до нашите политики на платформата. Овој трговец не се вклучи во автентични комерцијални практики и ги прекрши нашите услови, па го отстранивме од Shopify“, напишаа оттаму во изјавата испратена по е-пошта до NBC News.

Претставникот на Вест сè уште не одговорил на барањето на NBC за коментар.

Белите маици имаа црна свастика на предната страна и беа единствените производи што се продаваа на почетната страница на yeezy.com.

Немаше текст или објаснување што го придружуваше производот од 20 долари, само буквите „HH-01“, кои Anti-Defamation League (ADF) ги идентификуваше како код за „Хајл Хитлер“.

Сајтот на Вест прикажа известување од Shopify во кое се вели дека продавницата е „недостапна“.

Одлуката за продажба на маицата наиде на широки критики, вклучително и од АДФ, која објави соопштение на Х во понеделникот, опишувајќи ја продажбата на маичките како „дополнителен доказ“ за антисемитизмот на Вест.

ИЗДВОЕНИ