Кандидатка создадена со вештачка интелигенција во трката за градоначалник на Рим

82

Убавата инфлуенсерка која им се допаѓа на младите Италијанци се вика Франческа Џубели и таа е првата кандидатка за градоначалник на Рим создадена со помош на вештачка интелигенција. Оваа иницијатива ја промовираше граѓанската листа „AIxRoma“, односно алтернативата на Италијанците за Рим, која е игра со зборови, бидејќи АИ е акроним за вештачка интелигенција.

Франческа е првата италијанска виртуелна инфлуенсерка со сертификат „Мета“, а таа го добила името по Франческа на Данте, а нејзиниот изглед е создаден од мешавината на италијанските филмски икони Софија Лорен и Моника Белучи.

Франческа Џубели, веќе позната на социјалните мрежи по нејзините интервенции поврзани со граѓански, технолошки и културни теми, беше развиена пред две години со идеја вештачката интелигенција да се стави во центарот на политичката дебата.

Таа самата ја објави својата кандидатура на своите профили на социјалните мрежи: „Ова не е само дигитален експеримент, туку платформа за активно граѓанство што ќе биде отворена за професионалци, млади луѓе, како и културни и општествени настани кои ќе придонесат за подобра визија за Рим во следните две години“.

Нејзините креатори, веруваат дека вештачката интелигенција, доколку се користи на компетентен и етички начин, може да понуди побрзи, пообјективни и ефикасни решенија за јавната администрација, препознавајќи ги потребите на граѓаните и предлагајќи алтернативни решенија засновани на анализа на податоци и повратни информации од корисниците.

„Ја создадовме Франческа со намера да ја подигнеме свеста кај нашите граѓани за потребата од вештачка интелигенција. Сакаме да покажеме дека вештачката интелигенција може да ни помогне да ги разбереме потребите на граѓаните и да предложиме конкретни решенија“, истакнал еден од нејзините создавачи Белмонте.

Кандидатурата на Франческа веднаш покренала жестока дебата. Од една страна, има оние кои ја гледаат оваа иницијатива како можност за иновации во политиката преку искористување на способноста на вештачката интелигенција да анализира големи количини на податоци и ефикасно и непристрасно да развива предлози. Од друга страна, не недостигаат грижи за етиката и улогата на човечкиот елемент во управувањето со престолнината.

„Ова е интересна провокација која не тера да размислуваме за иднината на политиката и потенцијалот на вештачката интелигенција“, коментираат локални политички аналитичари. „Сепак, останува да се види како еден виртуелен ентитет може вистински да ја разбере и да одговори на сложеноста на социјалната и човечката динамика на град како Рим.

Предизвикот за Франческа Џубели ќе биде да докаже дека вештачката интелигенција не само што може да ги анализира податоците, туку и да ги толкува потребите и аспирациите на сложеното општество и град како Рим.

ИЗДВОЕНИ