Канадско виски наместо бурбон во Кентаки, препорачува Трудо

57

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска апелираше до граѓаните на земјата да ја „изберат Канада“ кога ќе одлучат да купат производ, по воведувањето царини од 25 отсто од САД за Канада.

„Тоа може да значи проверка на етикетите во супермаркетот и избор на производи произведени во Канада. Тоа би можело да значи да се одлучите за канадско виски наместо бурбон од Кентаки или целосно да се откажете од сокот од портокал од Флорида“, рече Трудо, како што пренесува CTV News.

Тој, исто така, ги повика канадските граѓани да ги преиспитаат своите планови за одмор доколку претходно ги вклучиле и САД.

ИЗДВОЕНИ