Канадската провинција Онтарио денеска објави дека на американските домаќинства ќе им наплати 25 отсто повеќе за струја, што ќе стапи во сила веднаш како одговор на американските царини неодамна воведени од претседателот Доналд Трамп, пренесува Хина.
Премиерот на Онтарио Даг Форд објави дополнителен надомест за извозот на електрична енергија за 1,5 милиони американски домови и бизниси што Онтарио ги снабдува во Минесота, Мичиген и Њујорк. „Ќе извршиме максимален притисок за да го зголемиме нашето влијание“, рече тој.
Според Форд, се проценува дека доплатата ќе чини до 400.000 канадски долари или околу 277.200 американски долари дневно, а на сметката на секој американски клиент ќе додава околу 100 канадски долари месечно.
„Да бидам јасен, нема да се двоумам да го зголемам овој надомест доколку е потребно. Доколку САД ја ескалира ситуацијата, јас нема да се двоумам целосно да ја прекинам струјата“, додаде тој.
Трамп неодамна започна трговска војна со американските соседи Мексико и Канада, наметнувајќи тарифи од 25 отсто на целиот увоз.