Канада одговори на царините од САД: Алкохолот од Aмерика ќе биде повлечен од пазарот во Онтарио

140

Алкохолот од Соединетите Држави ќе биде повлечен од продавниците во канадската провинција Онтарио почнувајќи од вторник, како одговор на воведувањето царини од 25 отсто на американскиот претседател Доналд Трамп за канадскиот увоз, изјави премиерот на Онтарио, Даг Форд.

Форд на платформата X рече дека одборот за контрола на алкохол во Онтарио (LCBO) добил наредба да преземе мерки како одговор на воведувањето американски царини за канадски стоки.

Тој потсети дека до сега секоја година во Канада се бележела продажба на алкохолни пијалоци од САД во вредност од речиси една милијарда долари.

LCBO, исто така, ќе ги отстрани американските производи од својот каталог, така што другите ресторани и трговци на мало во Онтарио не можат да ги нарачаат тие производи, рече Форд.

Трамп потпиша извршна наредба за воведување царини за стоки од Канада, Мексико и Кина.

Прес-секретарот на Белата куќа, Керолин Левит, на брифинг со новинарите во петокот рече дека царините за Мексико и Канада ќе бидат 25 отсто и 10 отсто за Кина на нелегалниот фентанил дистрибуиран во САД, што според неа довело до смрт на десетици милиони Американци.

ИЗДВОЕНИ