Канада ја зголеми цената на струјата за Америка за 25 отсто: „Ако САД ја ескалира ситуацијата, целосно ќе им ја прекинам струјата“

50

-Ако САД ја ескалира ситуацијата, целосно ќе им ја прекинам струјата. Верувајте ми, не сакам да го правам тоа и се чувствувам ужасно за Американците кои не ја започнаа оваа трговска војна. Постои само едно одговорно лице – претседателот Трамп“, рече премиерот на Онтарио Даг Форд на прес-конференција во Торонто.

Според неговата одлука, Онтарио ќе наплатува данок од 25 отсто на електричната енергија што се продава во САД, што на владата на оваа канадска провинција ќе и донесе дури 277.000 долари дневно.

Форд гарантираше дека мерката ќе остане во сила додека американскиот претседател Доналд Трамп не се повлече од царинската војна.

Трамп првично воведе царини од 25 проценти на целиот увоз од Канада и Мексико, а потоа се предомисли и ги суспендираше царините на еден месец за увозот покриен со договорот за слободна трговија меѓу трите земји – USMCA.

ИЗДВОЕНИ