Канада доби нов премиер: Maрк Карни го презеде местото на Трудо

85
EPA-EFE/WILL OLIVER

Марк Карни денеска официјално положи заклетва како нов премиер на Канада, кој на таа функција го замени досегашниот премиер Џастин Трудо, пренесува Ројтерс.

Карни, кој претходно ги водеше Банката на Канада и Банката на Англија, во неделата беше избран за лидер на Либералната партија, која ја вклучува улогата на премиер на Канада.

Се очекува неговиот кабинет да има меѓу 15 и 20 министри, во споредба со 37-те од деветгодишниот кабинет на Џастин Трудо.

ИЗДВОЕНИ