Премиерот на канадската провинција Онтарио, Даг Форд, се закани дека ќе го прекине извозот на електрична енергија во неколку американски држави доколку стапат на сила тарифите на Трамп.
„Ако сакаат да се обидат да го уништат Онтарио, ќе направам сè – вклучително и прекин на струјата – со насмевка на лицето. Ги охрабрувам и другите провинции да го сторат истото. Тие се потпираат на нашата енергија, треба да ја почувствуваат болката“, рече Форд.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потврди дека од вторник ќе стапат на сила царините од 25 отсто за увоз од Канада и Мексико.
Трамп рече дека тарифите се одговор на, како што тврди, неприфатливиот проток на илегални дроги и недокументирани мигранти во САД од двете соседни земји.
President Trump officially announced 25% tariffs on Canada.
— PoliticsVideoChannel (@politvidchannel) March 4, 2025
Канада веќе подготви листа на американски производи на кои би вовела контратарифи
„Нема повеќе простор за Канада и Мексико“, рече Трамп во Белата куќа. „Тарифите се подготвени. Тие стапуваат на сила утре.
Трамп додаде дека единствениот начин да се избегнат царините ќе биде канадските и мексиканските производители да го преселат производството во САД. „Тие ќе мора да ги градат своите фабрики за автомобили, искрено, и други фабрики овде во САД. Во тој случај, нема царини“, рече Трамп.
Канада веќе подготви листа на американски производи во вредност од 30 милијарди долари на кои би вовела контратарифи. Меѓу нив има и секојдневни производи како тестенини, облека и парфеми.