Камион со скопски регистарски ознаки денеска излета од патот Кавадарци-Прилеп и падна во дол во близина на селото Раец. Според очевидци, возачот и совозачот биле извлечени од случајни минувачи и мештани, кои веднаш притрчале на помош.
На снимка испратена до порталот „24инфо“, се гледа како двајцата мажи успеваат да излезат од превртениот камион. Tие не се здобиле со повреди.