EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Новогодишната турнеја „Четири скокалници“ наскоро ќе започне, а на неа нема да се појави еден од најтрофејните, Полјакот Камил Штох (37), кој трипати во својата кариера го освојуваше ова натпреварување.

Низ историјата, само Штох, како Германецот Свен Ханавалд и Јапонецот Рјоју Кобајаши победиле во една година на сите четири скокалници, во Оберстдорф, Гармиш-Партенкирхен, Инсбрук и Бишофсхофен. Штох тоа го направи во сезоната 2017/18. Самиот одлучи дека годинава не е подготвен за квалитетно натпреварување, па селекторот на полската репрезентација не го стави во тимот.

И покрај слабата форма на стартот од новата сезона, Стох заслужи покана за турнејата, со 57. бода моментално се наоѓа на 28. место во генералниот пласман во Светскиот куп. Во кариерата победи 39 пати, додека на подиумот беше 80 пати. В сабота со квалификациите во Оберстдорф започнува 73. издание на турнејата „Четири скокалници“.

ИЗДВОЕНИ