Товарен авион на DHL се урна во куќа во понеделник наутро при слетување на аеродромот во Вилнус во Литванија, при што едно лице загина, а три други се повредени.
Летот го оперирала авиокомпанијата SVIFT, а авионот полетал од германскиот град Лајпциг. Истиот паднал врз куќата околу 5.30 часот, изјави портпаролот на Националниот центар за управување со кризи.
Моментот кој паднал авионот бил снимен од камерите на блиското градилиште.
Сите луѓе во куќата преживеале, изјави портпаролот, додавајќи дека Боингот 737-400 директно удрил во објектот.
Swiftair cargo 737-400 has crashed while on approach to Vilnius International Airport, Lithuania.
One pilot and one person on the ground were killed. The second pilot and two others survived with unspecified injuries.
The aircraft, operated by a DHL contractor Swiftair, was… pic.twitter.com/FUyexI9ObE
— Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) November 25, 2024
Според спасувачките служби, авионот слетал на пистата и се излизгал најмалку 100 метри и удрил во куќа во која имало 12 лица. Сите 12 лица се евакуирани од куќата, соопшти полицијата.
Причината за несреќата е под истрага. По дојава од аеродромот за несреќата, на лице место пристигнале пожарникари и брза помош, а затворени се и пристапните патишта до аеродромот.
Портпаролот рече дека нема индикации дека на несреќата и претходела експлозија.