Камала Харис му честиташе на Трамп за победата на претседателските избори

31
Потпретседателката Камала Харис му се јавила на Доналд Трамп да му честита на победата на претседателските избори во 2024 година, потврди помошник во нејзината канцеларија.
Со повикот формално се прекинува изборното ривалство меѓу потпретседателката и поранешниот претседател, пренесува Гардијан.

Харис наводно ја истакнала важноста од мирен пренос на власта и на тоа Трамп да биде претседател на сите Американци.

Се очекува Харис да одржи говор на Универзитетот Хауард околу 22 часот по средноевропско време.