EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Јапонскиот фудбалски репрезентативец, Даичи Камада, потпиша двегодишен договор со Кристал палас, соопшти лондонскиот клуб. Камада (27) минатата сезона настапуваше за Лацио, одигра 38 натпревари и постигна два гола.

Јапонскиот репрезентативец, пред Лацио, играше за Сент Труден, Ајнтрахт Франкфурт и за јапонскиот Саган.

Тој воедно соработуваше со менаџерот на Кристал палас, Оливер Глазнер, во Ајнтрахт. Со клубот од Франкфурт ја освои Лигата на Европа во 2022 година.

Камада е второто засилување на Кристал палас во летниот преоден рок, по Чади Ријад.