EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Италијанскиот фудбалер Николо Заниоло (25) е нов играч на Аталанта. Поранешниот член на Рома, чија кариера значително ја одложија повредите (две операции на вкрстените лигаменти), направи кам-бек во Серија А, од која си замина во 2023 година.

Заниоло потоа замина во Галатасарај, па од тој клуб играше како позајмен во Астон Вила, а трансферот во Бергамо е нова позајмица одобрена од турскиот гигант. Заниоло веќе ги поминал лекарските прегледи во својот нов клуб и наскоро ќе му се стави на располагање на тренерот Џанпјеро Гасперини.

Аталанта ја имаше најдобрата сезона во својата историја, која се закити со трофеј во Лига Европа.

Клубот од Бергамо ќе има обврска да го откупи договорот на Заниоло од Галатасарај доколку следната сезона одигра 65-70% од натпреварите. Самата позајмица ќе го чини италијанскиот клуб три милиони евра, а целосното откупување на договорот, доколку се случи, ќе чини 18 милиони.