Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, најверојатно, ќе го напушти евролигашот Олимпија Милано и ќе се врати во Русија. Оваа информација ја објави новинарот Андреа Калцони, а според него Милано за следната сезона има намера да го ангажира играчот на Тренто, Квин Елис.

Минатото лето, неколку екипи од Евролигата покажаа интерес за нашиот Димитријевиќ. Тој реши од УНИКС Казан да се пресели во Милано, но очигледно не се пронајде баш најдобро во новата средина.

Македонскиот репрезентативец нема најдобра сезона во Евролигата има просек од 7,9 поени, додека во првенството одигра 13 натпревари со просек од 8,5 поени.

Откако се појави информацијата дека Нено ќе го напушти Милано, веднаш се јавиле од неговиот поранешен клуб Уникс. Русите дознале дека Димитријевиќ води преговори за прекин на договорот и наводно биле подготвени да го ангажираат веднаш.

Дресот на Уникс, Димитријевиќ го носеше во периодот од 2022 до 2024 година.

ИЗДВОЕНИ