Калиопи со емотивна порака се прости од пејачот на ДНК: Андреј…срцево ми се кине на сто парчиња…а душава ПАРАМПАРЧЕ…

7538

Македонската поп пејачка Калиопи на социјалните мрежи се прости од пејачот на групата ДНК, Андреj Ѓорѓиески, кој трагично го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Андреј…срцево ми се кине на сто парчиња…а душава ПАРАМПАРЧЕ…

Твојата милост и убавина не изостанаа ни во последните мигови пред заминеш засекогаш, спасувајќи други животи…

Ништо помалку не очекував од тебе, познавајќи ја твојата чоечност…

Но, не мораше вака…И ова не смее да е крај…чувствувам тага и бес… не смееше да е вака…

Ќе те чувам заедно со нашите спомени, мило дете…напиша Калиопи во објавата на Фејсбук

Андреј од ДНК меѓу загинатите во пожарот во Кочани

ИЗДВОЕНИ