На претстојните концерти, на 5 ноември во Загреб и на 12 ноември во Белград, Калиопи ќе пее и во чест на покојниот Масимо. Во 2006 година, на концертите на Масимо во Гавела, публиката во живо ја слушаше нивната одлична изведба на „Меланхолија“.
Масимо и Калиопи, потсетуваат од тимот на познатиот починат уметник, ги врзуваше долгогодишно пријателство исполнето со многу спомени.
За ова пред концертот зборуваше и Калиопи.
За неа Масимо е сè уште тука.
„Мојата приказна со Масимо сè уште живее во моите сеќавања и веројатно никогаш нема да престане… Таа наша прва средба во Скопје, тоа човечко и уметничко препознавање, значеше голем животен подарок за двајцата. Напишав две песни за него, го отпеавме нашиот дует, пеевме на концерти, но најдрагоцено и најуметничко од се беше нашето пријателство, нашите разговори… Прекрасно е чувството да се биде во тесниот круг на големите луѓе на Масимо… Тие вечери јас ќе се претворам во трошка, бидејќи пред мене ќе ја имам најубавата слика од неговото музичко наследство – неговата публика. Најважно е да ги допрам неговите хабитуси и песните на таков начин, што барем за момент и низ мојот глас да ја предизвикам емоцијата со која зрачеше тој. А таа емоција е чудо…“, изјави македонската пејачка, а на Инстаграм профилот на Масимо е објавена заедничка фотографија.
View this post on Instagram