Калифорнија издвојува 50 милиони долари за да се заштити од политиката на Трамп

43

Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом ги потпишал законите врз основа на кои се доделени 50 милиони долари за да се заштити таа американска држава и мигрантите на кои им се заканува депортација поради политиката на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, јавуваат денеска американските медиуми.

Врз основа на еден од тие закони, 25 милиони долари беа доделени на Калифорниското Министерство за правда за целите на спроведување правна постапка против федералната влада, додека друг одвои уште 25 милиони долари за правна помош за мигрантите кои се соочуваат со депортација, објави Си-Ен-Ен.

„На жителите на Калифорнија им се заканува администрација надвор од контрола, која не се грижи за Уставот и мисли дека нејзината моќ нема ограничувања“, рече претседателот на парламентот на државата, демократот Роберт Ривас, додавајќи дека затоа донеле мерки за доделување средства за одбрана на своето население од непосредна закана.

ИЗДВОЕНИ