Калифорнија го тужи Трамп за царините

32
EPA-EFE/JIM LO SCALZO / POOL

Калифорнија ќе го тужи американскиот претседател Доналд Трамп поради царините и ќе побара од судот веднаш да ги блокира сите царини.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом денеска најави дека ќе поднесе тужба поради царините кои ги воведе Трамп.

Тој го доведува во прашање овластувањето на претседателот да воведе царини од 10 отсто за сите стоки увезени во САД.

Њусом рече дека царините предизвикуваат хаос меѓу жителите на Калифорнија и ги загрозуваат нивните работни места.

„Ние се залагаме за американските семејства кои не можат да си дозволат да продолжи хаосот“, додаде Њусом.

Тој претходно побара од другите земји да ги ослободат стоките извезени од Калифорнија од царините што ги воведуваат како одговор на одлуката на Трамп.

ИЗДВОЕНИ