Калас: Репресијата на протестите во Грузија е неприфатлива, Европа е со грузискиот народ

40

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас денеска изјави дека репресијата на протестите во Грузија е неприфатлива и дека „Европа стои со грузискиот народ“.

Таа во објава на социјалната мрежа Х изјави дека „бруталниот напад врз мирните демонстранти, новинари и политичари вечерва во Тбилиси е неприфатлив“.

„Грузија не ги исполнува очекувањата на кандидатот за членство. ЕУ стои со народот на Грузија во нивната борба за слобода и демократија“, напиша Калас.

Лидерот на грузиската опозиција Ника Мелија беше уапсен претходно денеска заедно со неколку демонстранти додека илјадници луѓе накратко блокираа автопат во близина на главниот град Тбилиси, барајќи нови парламентарни избори.

Протестот го обезбедуваа голем број полицајци.

Грузиското Министерство за внатрешни работи претходно ги предупреди демонстрантите дека блокирањето на автопатот е кривично дело.

Грузијците се собираат секоја вечер од ноември, кога владејачката партија Грузиски сон објави дека ги прекинува преговорите за пристапување на Грузија во ЕУ до 2028 година.

ИЗДВОЕНИ