Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас денеска изјави дека Европа продолжува да ја поддржува Украина и дека „секој договор зад нашиот грб“ нема да успее.
„Секое брзо решение е валкана работа, тоа сме го виделе и порано“. „Тоа нема да го спречи убиството“, рече Калас, според Ројтерс. Таа посочи дека не е добра тактика „да се прават отстапки пред да почнат преговорите“, нагласувајќи дека „ласкањето нема да даде резултат“.
„Доколку Украина одлучи да продолжи да се спротивставува, ЕУ ќе излезе со нови иницијативи за да ја поддржи“, рече Калас. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, а потоа и со украинскиот претседател Володимир Зеленски за итен почеток на преговори за ставање крај на војната.
Европските лидери порачаа дека и Украина и Европа мора да бидат вклучени во изнаоѓањето мирно решение, пренесува Танјуг.