EPA-EFE/FILIP SINGER

Дефанзивецот на италијанската фудбалска репрезентација, Рикардо Калафиори (22), ја напушти Болоња и ќе ја продолжи кариерата во Арсенал, соопшти лондонскиот премиерлигаш. Клубовите не ги соопштија деталите од договорот, но англиските медиуми пренесуваат дека Калафиори потпишал договор на пет години и дека неговиот поранешен клуб ќе добие околу 45 милиони евра.

Болоња одлично се снајде со овој трансфер, бидејќи го доведе 22-годишниот дефанзивец од Базел, во летото 2023 година, за четири милиони евра, а една година подоцна, го продаде за десет пати поголема сума.

  • Чувството е неверојатно, едвај чекам да почнам да тренирам со тимот. Тоа, всушност, ми беше сон од 12 или 13 години – изјави младиот Италијанец, кој имаше одличен настап на Европското првенство во Германија.