КАКВО ЌЕ БИДЕ ВРЕМЕТО ЗА НОВА ГОДИНА? Попоски во последната прогноза објави какви се моменталните изгледи

256

За Нова година би имале нова солидна снежна покривка на планините и на скијачките центри, преку 50 сантиметри нов снег, а барем отсега гледано, до тогаш снег би можел да наврне и во градовите и покрај тоа што досега повеќето градови во Македонија го добија првиот снег за оваа сезона, прогнозира метеорологот Славчо Попоски.

Сѐ на сѐ, моментално гледано, Нова година би можела да биде токму како што доликува – со снег, особено на планините и на скијачките центри, најави Попоски.