Каква замка ѝ поставува Бајден на Русија?

2960

Украинскиот политиколог Вадим Карасев вели дека актуелниот американски претседател Џозеф Бајден конфликтот во Украина го претвора во глобална војна.

Експертот истакна дека американскиот лидер, дозволувајќи им на вооружените сили на Украина да користат оружје со долг дострел, поставува замка на Русија за да и ги покаже новите воени капацитети на Украина.

Според политичките аналитичари, Бајден го претвора конфликтот во глобална војна со навестување на можноста за нуклеарна употреба на интерконтинентални балистички ракети.

Истовремено, киевскиот аналитичар смета дека вооружениот конфликт ќе заврши на 20 јануари по инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп, а периодот пред тоа ќе биде најинтензивен и најкрвав, пренесува веб-страницата „mk.ru“.

Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден се обидува да ја зајакне позицијата на Украина во војната против Русија во последните недели од неговата администрација, пред враќањето на републиканецот Доналд Трамп во Белата куќа, објави вчера Блумберг.

Како што се наведува, мотивот на Бајден за тој потег се претходните изјави на Трамп дека брзо ќе стави крај на војната меѓу Киев и Москва. Ова веројатно ќе вклучува пријателско решение, поради што Бајден сака да му даде засилување на Киев, наведе Блумберг.

Неодамнешните потези на Бајден вклучуваат дозвола за Киев да гаѓа воени цели подлабоко во Русија користејќи американско оружје, што Москва и тимот на Трамп го критикуваа како ескалација.

Минатата недела, Белата куќа, исто така, одобри распоредување противпешадиски нагазни мини, му прости долг на Киев од речиси 5 милијарди долари и санкционираше голема руска банка која се занимава со парични трансакции за продажба на природен гас.

И покрај коментарите на Трамп за завршување на војната, постои можност новоизбраниот претседател да има корист од неодамнешните постапки на Бајден, доколку се обиде да ја искористи зајакната Украина во преговорите кои потоа би ги прикажал како победа, пишува Блумберг.

ИЗДВОЕНИ