Ретко размислуваме за тоа колку се суштински и сигурни електричните мрежи – сè додека не дојде до нивен колапс. Сега, милиони луѓе низ Шпанија, Португалија и делови од Франција веројатно не размислуваат за ништо друго. Додека локалните прекини на струја се релативно чести, она што се случи на Пиринејскиот Полуостров претставува многу поекстремен случај.
РЕН, операторот на електричната мрежа во Португалија, тврди дека прекинот на електричната енергија што ја погоди Португалија е предизвикан од дефект во шпанската електрична мрежа, поврзан со „редок атмосферски феномен“.
Според соопштението, екстремните температурни варијации во Шпанија предизвикале „аномални осцилации“ на далноводи со многу висок напон.
Овој феномен е познат како „индуцирана атмосферска вибрација“, што потоа доведе до осцилации што предизвикаа дефекти во синхронизацијата на системот.
Индуцираните атмосферски вибрации се јавуваат кога ветерот или ненадејните температурни промени предизвикуваат осцилации во високонапонските далноводи. Ако фреквенцијата на овие осцилации се совпаѓа со природната фреквенција на проводникот, може да се појави резонанца, што резултира со зголемени вибрации. Овие вибрации може да предизвикаат механички оштетувања или нарушувања во преносот на електрична енергија
Ризиците што големите варијации во атмосферските температури ги претставуваат за електроенергетските системи се добро познати во индустријата, иако проблеми од оваа големина ретко се појавуваат.
„Поради температурните промени, параметрите на проводниците малку се менуваат“, вели Тако Енгелаар, директор на Неара, која обезбедува софтверски услуги за енергетските компании, додавајќи дека „ова создава нерамнотежа во фреквенцијата“.
Аплаузи, песни и овации: Струјата се врати во Шпанија и Португалија/ВИДЕО
Георг Захман, виш соработник во тинк-тенкот „Бројгел“ во Брисел, рече дека системот претрпел „каскадни прекини на електрична енергија“, вклучително и еден во Франција, кога фреквенцијата на мрежата падна под европскиот стандард од 50 херци.
Осцилациите предизвикаа нарушувања во синхронизацијата помеѓу електроенергетските системи, што доведе до каскадни дефекти во меѓусебно поврзаната европска мрежа.
Ова, додаваат, предизвикало повеќекратни прекини низ меѓусебно поврзаната европска мрежа. РЕН, исто така, предупреди дека, поради сложеноста на проблемот, може да потрае и до една недела за целосно нормализирање на мрежата.
Снабдувањето со електрична енергија е обновено во некои делови на север, југ и запад од Пиринејскиот Полуостров, соопшти шпанскиот мрежен оператор Red Electric.
Португалскиот премиер Луис Монтенегро изјави дека нема индикации дека затемнувањето е резултат на сајбер напад.
Сега најголемиот предизвик и кошмар за енергетичарите во Шпанија и Португалија е постепено обновување на мрежата, чекор по чекор, притоа одржувајќи ја деликатната рамнотежа помеѓу производството и потрошувачката.
Ако премногу ја забрзаат обновата, мрежата може повторно да падне.
Ако траат предолго, некои електрани или трафостаници може да имаат проблем со рестартирање, особено ако се потпираат на резервни напојувања од батерии.
Голем дел од системот за пренос на електрична енергија во Шпанија и Португалија вчера падна за само неколку секунди, вклучувајќи ги и големите градови како Лисабон, Мадрид, Барселона и Севиља. Многу е веројатно дека овој прекин ќе го надмине најголемото европско затемнување до сега, кога 56 милиони луѓе во Италија и Швајцарија останаа без струја до 12 часа во 2003 година.
Откако целата земја остана без струја: Во Шпанија е прогласена вонредна состојба