По невообичаениот ладен период за месец септември, се поголеми се шансите за “мини лето” и тоа уште од крајот на овој месец и во првата седмица на месец октомври. Температурите на многу места во тој период би надминувале 20 степени, додека во централните  и во југоисточните предели, тие би се искачи до околу 30 степени, пишува Славчо Поповски во најновата метео анализа.

Според сезонската прогноза на метеоролозите, октомври ќе биде потопол и посув, па можеме да очекуваме “михолско лето“.

Температурите кои се карактеристични за михолското лето (или мартијанско лето, според светците што ги слават католиците во тој период Св. Михаил и Св. Мартин), се меѓу 22 и 27 Целзиусови степени, а често надминуваат и 30 степени.

Според прогнозата на метеоролошкиот портал AccuWeather веќе од овој викенд, поточно од сабота, температурата на воздухот ќе почна да се зголемува и можеме да очекуваме затоплување на времето и подолги сончеви периоди. Минималните температури ќе паднат на околу 10 степени Целзиусови, додека пак, максималните ќе се искачат во интервал до 28 степени Целзиусови