Како земјотресот што го погоди Мјанмар се рашири во уште 5 земји?/ФОТО

387
Foto: X screenshot US Geological Survey (USGS)

Најмалку 20 лица загинаа во Мјанмар и три во Тајланд во земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што денеска го погоди централниот дел на Мјанмар и беше почувствуван низ Југоисточна Азија.

Според д-р Кјав Зин од општата болница Мандалеј, во тој град загинале најмалку 20 луѓе, а 300 се повредени.

„Се повеќе и повеќе повредени пристигнуваат, но немаме доволно лекари и медицински сестри“, рече тој.

Епицентарот на разорниот земјотрес во Мјанмар бил во близина на градот Мандалај, на длабочина од 10 километри и на 16 километри северозападно од градот Сагаинг. Земјотресот се случи во 6:20 часот утринава или во 13:20 часот по локално време, објави Ројтерс.

Земјотресот, со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, беше почувствуван во главниот град Најпидав и најголемиот град Јангон, како и во соседните земји – Бангладеш, Индија, Тајланд, Лаос и Кина.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) објави мапа на Икс на која е прикажан епицентарот (означен со ѕвездичка), но и како се проширил и влијаел на соседните земји.

Како што е познато, последиците од силниот земјотрес најмногу се почувствувале во Бангкок, главниот град на Тајланд, кој се наоѓа на околу 1.000 километри од Мандалеј.

Како што е познато, последиците од силниот земјотрес најмногу се почувствувале во Бангкок, главниот град на Тајланд, кој се наоѓа на околу 1.000 километри од Мандалеј.

Црниот биланс во Мјанмар расте: Се стравува дека има стотици мртви, потрагата продолжува/ВИДЕО

ИЗДВОЕНИ