Како реалноста да не е доволно катаклизмична! Лажно видео од пожарот во Лос Анџелес се шири на интернет

217
EPA-EFE/ALLISON DINNER

Најмалку 16 луѓе загинаа, а 10.000 објекти се уништени или оштетени во пожарите што беснеат во Лос Анџелес и пошироко. Во сила е наредбата за евакуација за околу 100.000 жители во областа. Секој ден, на социјалните мрежи и во светските медиуми се појавуваат сè повеќе ужасни видеа, на кои се гледа како оган проголтува сè пред себе, а вознемирени луѓе гледаат во јагленосаните остатоци од она што некогаш беше нивниот дом.

Во сето ова, сега на интернет кружи видео од пожар во Лос Анџелес, кое всушност е лажно бидејќи е дело на вештачката интелигенција.

Иако на прв поглед е јасно дека видеото е сомнително, некои го споделија со коментари како да е реално и дека се работи за апокалиптична сцена од Лос Анџелес.
Како снимката од реалноста што доаѓа од Лос Анџелес да не е доволно страшна и катаклизмична…

Прашањето е од каде потребата дополнително да се подгрева ситуацијата со неточни информации.

Во исто време, ова е уште еден потсетник дека секогаш треба да ги држиме очите широко отворени и да не веруваме во се што ќе видиме на прв поглед.

ИЗДВОЕНИ