Велигден е пред нас, пред да се зафатите со бојадисување и украсување јајца, добро е да дознаете како правилно да ги готвите јајцата – за да не пукаат.
Од состојките потребни ви се 20 јајца, вода и сол.
Како се отстранува печатот од јајцето пред да се бојадиса?
Еден од најлесните начини да се отстрани печат од лушпата од јајце е да се меша сода бикарбона и вода. Направете густа паста мешајќи сода бикарбона со малку вода.
Нанесете ја смесата на печатот, оставете да делува неколку минути, а потоа нежно исчистете ја површината со мека четка за заби или крпа. Исплакнете го јајцето под млаз вода.
Рецепт за правилно варење јајца за Велигден
За правилно варење на велигденските јајца, ставете ги во тенџере со доволно ладна и солена вода за да ги покрие. Ставете го на силен оган и доведете до вриење. Гответе само 5 минути, а потоа тргнете ги од оган и оставете ги јајцата во тавата покриени уште 10 минути.
Овој метод ќе ви даде совршени тврдо варени јајца. Истурете ја водата во која се варени и оладете ги јајцата. Доколку не ги изладите доволно брзо, меѓу жолчката и белката ќе се развие зелена кора или слој. После тоа обојте ги по желба.