Швајцарскиот скијач Нилс Хинтерман објави дека е излечен од рак на лимфните јазли, поради што мораше да ја пропушти тековната сезона.
Деновите не беа секогаш лесни, но секако, пресреќен сум што времето сега заврши“, напиша 29-годишниот скијач на својот Инстаграм профил.
Хинтерман, кој е специјалист за спуст, во досегашната кариера има остварено три победи во Светскиот куп.
Првиот триумф го забележа во 2017 година во алпската комбинација во Венген, а следните две победи во спустот во Квитфјел, Норвешка, во 2022 и 2024 година.
Тој забележа 100 настапи во трките од Светскиот куп, а учествуваше и на Зимските олимписки игри во Пекинг, каде го освои 16-тото место во спуст.
View this post on Instagram