Како Пабло Пикасо доби хонорар од 12 шишиња вино од Југославија?

119
screenshot youtube

Пабло Пикасо е еден од најзначајните и највлијателните уметници на 20 век. Бил скулптор, сликар, графичар и сценограф, а неговата работа се смета за пресвртница во уметноста. Се карактеризира и со постојано преклопување на периодите. Во неговиот Син период, кој траел од 1901 до 1904 година, тој првенствено ги сликал сиромашните. На сликите доминираат различни нијанси на сино, кои оставаат меланхоличен впечаток кај гледачот. Делата од овој период се меѓу најпопуларните уметнички дела на 20 век, а некои од нив се „Стариот гитарист“, „Живот“, „Скромен оброк“ и „Оброк на слепец“.

За време на неговиот живот, Пикасо направил филмски постер само два пати. Едниот за филмот на Буњуел „Андалузиско куче“, а другиот е многу важен филм за југословенската кинематографија „Битката на Неретва“ во режија на Вељко Булајиќ.

Вељко Булајиќ го запознал Пикасо во Монте Карло во 1964 година на филмски фестивал. Кога завршило снимањето на филмот, започнала неговата светска дистрибуција. Булајиќ побарал од агентот на Пикасо во Париз да дизајнира постер за филмот кој ќе се користи на западниот пазар, пред се во Велика Британија.

Постерот за филмот „Битката на Неретва“ е испечатен во ограничено издание, а секоја копија била потпишана од Пикасо на задната страна. „Њујорк тајмс“ го објави тој постер во своето неделно издание, во 1.200.000 примероци.

На Пикасо му била интересна понудата да направи постер за филм кој доаѓа од Југославија, па решил да го погледне филмот за да донесе конечна одлука. Откако го погледнал филмот и се запознал со историјата на Југославија, тој решил за плакат да ги искористи мотивите на својата слика „Грабнувањето на Сабињанките“ и да ги прикаже во црвено како асоцијација за антифашистичката борба.

Пабло Пикасо одбил хонорар за овој плакат, но за возврат побарал 12 шишиња вино од Југославија.

Вељко Булајиќ лично подготвил колекција од 12 шишиња вино бидејќи и самиот бил голем љубител на виното. Колекцијата вина е од Далмација, Србија и Македонија, а Булајиќ му ја подарил на Пикасо.

Битката на Неретва е југословенски партизански филм од 1969 година, снимен во меѓународна копродукција со Италија и Западна Германија. Сценариото за филмот го напишаа Стеван и Вељко Булајиќ, кој и го режираше.

Главните улоги ги толкуваат Сергеј Бондарчук, Јул Бринер, Ентони Досон, Милена Дравиќ, Борис Дворник и Орсон Велс. Се заснова на вистински настани за време на Втората светска војна.

Честопати сметан за еден од најдобрите филмови направени во Југославија, тој беше можеби и најскапиот: проценките за неговиот буџет се движат од најмалку 4,5 милиони долари до дури 12 милиони долари (приспособено според инфлацијата, тоа би било еквивалент на 70 милиони долари денеска). Беше номиниран за Оскар за најдобар странски филм.