Се ближи завршницата во најдобрите фудбалски лиги во Европа, па шпанскиот весник „Ас“ се осврна на познатата изрека „што ако?…“ и направи статистика колку го променила ВАР-технологијата исходот на натпреварите. Доколку не постоеше видеопрегледот, наместо Барселона, на првото место ќе беше Реал Мадрид со 76 освоени бода!

Најголемата промена во Ла Лига би се случила на врвот, со Реал Мадрид на чело место Барса. Тимот од Мадрид би имал 76 бода, односно седум повеќе од сега и би бил на врвот, со осум бода предност пред ривалите.

  • Видеопомошта за судијата, позната како ВАР, го зазема централното место во Ла Лига оваа сезона, а на шест кола до крајот, бројот на интервенции е во насока на соборување на рекордот на сите времиња – се вели во текстот на „Ас“.

Интервенциите со видеопрегледот во Ла Лига може да ги соборат сите рекорди оваа сезона.

  • Веќе имаше 162 интервенции со ВАР оваа сезона, речиси една на секои два меча (1,96 на натпревар), што го надмина вкупниот број од минатата сезона (154) и се приближува до рекордот од 179, поставен во 2022/2023 година – додава шпанскиот весник.

Како што стојат работите, нема знаци дека би можело помалку да се користи оваа помош, напротив.

  • Историски, употребата на ВАР-технологијата нагло се зголемува во последниве неколку недели, бидејќи се зголемува влогот и натпреварите стануваат построги. Само во 31. коло, ВАР интервенираше 13 пати, што е најголема вкупна вредност за една недела од сезоната.

И покрај зголемената употреба на ВАР-технологијата, сепак, има пропусти и тоа е она што ги фрустрира клубовите, играчите и навивачите. Најголеми критики беа упатени по натпреварот од претходното коло, меѓу Реал Мадрид и Вилјареал. Мадриѓани беа револтирани затоа што не реагираше ВАР-собата во ситуација кога, можеби, беше фаулиран Белингем или кога беше поништен голот на Винисиус поради офсајд во кој се најде Ендрик.

  • Ова е трет свет. Тоа е шлаканица за сите љубители на фудбалот, а особено за навивачите на Реал Мадрид. ФИФА не избра ниту еден шпански судија за Светското клупско првенство. Не знаеме дали е тоа поради тоа што се лоши или затоа што се сомневаат во нив, исто како нас. Неприфатливо е тоа, тоа е вистински срам – се огласија на телевизија „Реал“.

ИЗДВОЕНИ