Како јастогот, кавијарот, шампанското и вискито од авионскиот кетеринг се сведоа на чаша вода?

205

Во 20-тите години на патниците им се делеле и гуми за џвакање за да го намалат притисокот во ушите, а во текот на 1960-тите и 1970-тите, авиокомпаниите рутински инсталираа кујни во авионите и ги рекламираа нивните менија за да привлечат патници. Говедското месо беше деловна стратегија. Авиокомпаниите се натпреваруваа со квалитетот на услугите и удобностите, а храната беше главното бојно поле бидејќи опциите за забава беа поограничени. Авиокомпаниите имаа тимови од готвачи, свои кетеринг кујни и ја рекламираа храната реклами за храна. Денес билетите се поевтини, но за време на летот останувате гладни

Некогаш јастог, кавијар, виски, шампањско, кајгана подготвена на висина од 10.000 метри, а денес само чаша вода и тоа не за сите. До толку последнава деценија „се стопи“ авионскиот кетеринг на поголемиот број летови.

-Авионската храна е далеку од славните денови кога оброците се служеа на бели чаршави, а стјуардесите подготвуваа кајгана во воздух. Укинувањето на оброците се приклучи на долгата листа на болни точки, непријатности и резови  што денеска ги трпат патниците во авион, пишува РТС.

И не само намалувањето на трошоците на авиокомпаниите се причина за тоа што сега додека патуваме со авион остануваме гладни. Укинувањето на храната е резултат на големите промени во владините регулативи, дизајнот на авионите, филмовите за време на летот, даночните олеснувања во индустријата, плус зголемените грижи за здравјето и безбедноста.

Меѓу другото, протоколите и регулативите за безбедност на авиокомпаниите од 11 септември ги променија видовите ножеви кои летачките екипажи може да ги користат во воздух. Просторот за складирање храна во авионите е намален за да се сместат што повеќе седишта. Исто така не се служи одредена храна, како кикиритки, за да се заштитат луѓето со алергии. Оброците се често помали, поблаги или непостоечки.

-Услугата за оброци во авион порано беше прашање на престиж. Денес квалитетот е толку лош што се прашуваме: Дали директорите на авиокомпаниите имаат чувство за вкус? вели Хенри Хартвелд, истражувач во Атмосфер Рисрч Груп.

И заштедите имаат влијание. Во 1980-тите, Роберт Крандал, тогаш шеф на Американ Ерлајнс, се пофали дека со отстранување на само една маслинка од секоја салата, на авиокомпанијата ѝ заштедиле 40.000 долари годишно. Оттогаш, како што пренесува РТС цената и брзината станаа поважни за авиокомпаниите отколку вкусот на храната. Превозниците како што се Сингапур Ерлајнз или Делта можат да си дозволат партнерства со славни готвачи со ѕвезда на Мишелин, но на повеќето компании храната им ја доставуваат кетеринг фирми кои ја подготвуваат неколку часа однапред.

-Луѓето се подготвени да се откажат од храна за ниски цени, забележува Блез Вагспак, професор по маркетинг на Универзитетот Дејтона Бич во Флорида.

Практиката на сервирање храна во авиони трае речиси еден век, од 1920-тите години, кога стјуардесите им делеле гуми за џвакање на патниците за да го намалат притисокот во ушите, а храната ја сервирале во хартиени чинии зашто тогашните авиони многу отскокнувале во воздух. До 1978 година, кога авионската индустрија беше регулирана, законот бараше секој патник да добие предјадење, два вида зеленчук, салата, десерт и пијалак  како дел од цената на билетот.

-Вкусната храна придонесува за уживање. Се подготвува во четири кујни кои работат истовремено, каде јадењата може да се готват во рерна за пет минути, ја рекламираше “Пан Ам“ својата услуга во 1958 година.

Во текот на 1960-тите и 1970-тите, авиокомпаниите рутински инсталираа кујни во авионите и ги рекламираа нивните менија за да привлечат патници. Говедското месо беше деловна стратегија. Авиокомпаниите се натпреваруваа со квалитетот на услугите и удобностите, а храната беше главното бојно поле бидејќи опциите за забава беа поограничени. Авиокомпаниите имаа тимови од готвачи, свои кетеринг кујни и ја рекламираа храната.

Но, со дерегулацијата авиокомпаниите ги намалија цените на билетите, а за да го надоместат изгубениот приход, ги редуцираа храната и другите услуги.

Неколку експерти од авио индустријата мислат дека наскоро оброците ќе се вратат во понудата. Моли Брант, шефица на одделението за кулинарски иновации во Северна Америка во една кетеринг компанија вели дека „златното време за храна во авионите е тука“, а зависи само со која авиокомпанија и со која класа патувате. На пример во прва класа во Америка за ручек ќе можете да бирате меѓу  медитеранска салата, пилешки гради со мојо сос, црн ориз, зелени банани и  тестенини со рагу и рикота на база на билки. Во компанијата „Делта“ на понуда се чизбургер, тортелини со спанаќ и сирење или хемплер салата од чадени пилешки гради. Неколку авиокомпании дури им нудат и кавијар на патниците од прва класа. Но поголемиот дел од патниците не добива бесплатно ни гума за џвакање.