Како изгледа животот на Робињо во затвор

130
epa04794111 Brazilian national team player Robinho participates in a team's training session for the Copa America Chile 2015, in Viamao, Brazil, 11 June 2015. Brazil will face Peru on 14 June. EPA/Silvio Avila

Робсон Де Соуза, попознат како Робињо, поранешен бразилски фудбалер кој играше за клубови како Реал (М), Манчестер Сити и Милан, моментално отслужува деветгодишна затворска казна за учество во групно силување на 22-годишна Албанка во 2013 година во Милано.

Откако италијанскиот суд ја изрече својата пресуда во 2017 година, а жалбените процеси завршија во 2022 година, Робињо почна да ја отслужува казната во март 2024 година во Бразил, со оглед на тоа дека земјата не ги екстрадира своите граѓани. Моментално е сместен во Тремембе, во државата Сао Паоло, познат како „затвор на славните“ поради бројот на познати затвореници, вклучително и политичари и јавни личности. Шпанска „Марка“ објави текст во кој ги откри деталите од неговата прва година во затвор.

Во затворот, Робињо учествува во различни активности, како што се одржување на градината и учество на внатрешни фудбалски турнири. И покрај пресудата, тој се уште останува на ставот дека е невин и дека врската била консензуална, наведувајќи дека има докази кои го потврдуваат тоа.

Одделението II во Тремембе е познато по релативно похумани услови во споредба со другите бразилски затвори, но сепак се соочува со предизвици како што се пренатрупаноста и присуството на опасни затвореници. Робињо дели ќелија со други затвореници и учествува во работни активности, што му овозможува до одреден степен да се прилагоди на затворскиот живот.

Тој игра фудбал во затворскиот двор во копачки што му ги позајмуваат другите затвореници. Веќе во првиот натпревар, на земјена подлога и пред публика од затворски чувари, по третиот дриблинг доби силен удар по кој заврши на подот. Сега и тој се крсти“, извикувале затворениците, пренесува „Marca“.

Покрај фудбалот, тој учествува и во спортски активности на отворено, поправа телевизори и радија благодарение на завршениот 600-часовен курс по електроника. Тој е член на клубот за читање, се грижи за затворската градина и успешно ги завршил сите 10 модули од Програмата за образование за работа и граѓанство.

Со оваа програма тој се обидува да ја намали казната или барем да обезбеди ублажување. За секои 12 часа работа казната му се намалува за еден ден. Тој ја дели ќелијата од осум квадратни метри со 22-годишен затвореник кој отслужува казна за поттикнување самоубиство или самоповредување.

Дозволено е да прима посети само од најблиското семејство – родители, деца и сопруга. Неговиот син, 17-годишниот Робињо Јуниор, кој неодамна потпиша со Сантос, обично доаѓа еднаш месечно. На неговото семејство му е дозволено да му донесе храна во затворот.

Дозволена е храна како месо, зеленчук, десерти, салати и пијалоци (вода, сокови), облека како шорцеви, апостолки и пуловери, друштвени игри како шах и дама, канцелариски материјал и списанија и книги – но не и порнографски содржини.

„Тој е мирен, не се расправа и се адаптира, примерен затвореник е и немал проблеми со другите, постојано е вработен“, тврди неговиот адвокат Марио Росо. Првите десет дена ги помина во изолација, по што беше преместен во заедничка ќелија.

 

ИЗДВОЕНИ