Спасен Силјаноски, водител, хармоникаш и фолк-пејач е на својата турнеја во Австралија, кај нашите иселеници. Таму феноменално поминува на концертите, за кои се бара билет повеќе, а најчесто и столче повеќе, со оглед на тоа дека никогаш не може да се најде некое слободно поради преголема заинтересираност за неговите песни и пеењето. На иселениците Спасен им приредува најдобри забави кои потоа се прераскажуваат и по дома, но и на работа меѓу нивните колеги – Австралијци.
Самиот Спасен по ноќните настапи, наоѓа доволно време да се забавува преку ден, на прилично оригинален начин! Тој пред некој ден се искачи на една кула која има над 65 ката. И што направи храбриот Спасен? Храбро засвири на хармониката, самиот прашувајќи се: „Какво е чувството да се пее на 65. кат“?
Таквата слика ја сподели со своите фанови кои беа повеќе од одушевени. Многу коментари се нижеа под фотографијата, а тоа на Спасен му даде дополнителна мотивација за уште подобар иден вечерен настап. „Фрчеа“ пари од распеаните гости закачени не само на микрофонот, туку и на челото на пејачот кој знае да прави одлична атмосфера кај нашите во дијаспората. (Д.М.)