Како до воздушеста гибаница: Генијален трик за кој се потребни 4 шолји и земјината гравитација – малкумина би се сетиле

128

Ако сакате да јадете гибаница, тогаш задолжително испробајте го овој трик, бидејќи со него загарантирано ќе ви испадне воздушеста.

Потребни ви се само неколку состојки, но секоја домаќинка има свој рецепт кој се разликува по некои ситни детали, а сепак тоа ја издвојува гибаница од останатите, пренесува directo.rs.

Познатата пита со сирење не е тешка за правење, а штом ќе го изматите филот, се што треба да направите е да ја стуткате кората и да ја потопите во филот. Меѓутоа, доколку сакате вашата гибаница секогаш да успее и да биде мека и воздушна, имаме одличен трик за вас.

За да ја направите најдобрата гибница, не треба да додавате никакви необични состојки, само треба да ги исечете корите на ленти и да ги виткате во смесата.

А потоа превртете ја готовата гибаница наопаку врз 4 шолји за да се излади, и да остане воздушеста под силата на земјината гравитација. Се лади околу 20 минути. И тоа е сѐ што е потребно за да се направи една од највкусните пити досега со исклучително едноставен трик.

ИЗДВОЕНИ