КАКО ДА СЕ СТАНЕ ОВЧАР? Во Бугарија отворена првата Академија за ова традицонално занимање

106
Фото: pexels.com

Кога им е доста од стрес, врева, гужви и асфалт, многумина често велат дека „ќе остават сè и ќе одат да чуваат овци на планина“. Сепак, речиси никој не го прави тоа.

И оваа незаинтересираност за традиционалното занимање со сточарството не е само проблем овде, туку се соочува и целиот свет.

Затоа неодамна во Бугарија беше промовирана првата официјална Академија во која се учи како да се биде овчар. Првата академија за овчари беше отворена во живописната околина на планината Пирин и веќе предизвика голем интерес, пишува „Путникофер.рс“.

Очарската академија се вика „Тодорови кошари“, по рефренот на познатата бугарска народна песна, а основана е со цел да се зачуваат автохтоните раси на овци и кози, како и стариот занает. Училиштето се наоѓа на планината Пирин, во близина на селото Влахи во југозападна Бугарија.

Околината во која се наоѓа е речиси идилична, мирна, далеку од цивилизација и затоа е совршена за изучување на професија во која работното место изгледа токму така. Првите учесници на школата за идни овчаи се запишаа наесен, а меѓу нив имаше 20 возрасни и 8 деца.

Сточарството и овчарството некогаш биле исклучително важни во Бугарија, земја чија економија во минатото претежно се базирала на земјоделството. Иако ова се менува денес, традициите како што се одгледување овошје и зеленчук и грижа за добитокот сè уште се почитуваат. Овчарските вештини порано се пренесувале од татко на син, но денес повеќето луѓе немаат од кого да учат. Токму оваа празнина сака да ја пополни Академијата за овчари. Обуката ќе има четири нивоа и ќе им помогне на студентите да се запознаат со историјата на автохтоните раси во земјата, да градат трла, да пасат и молзат животни, да расчистуваат пасишта и да научат традиционални практики на сточарство.

Основачите на Академијата се надеваат, пишува порталот The Mayor, дека ќе успеат да обезбедат опстанок на автохтоните раси на овци и кози. Најважни се каракачанските овци и планинските долговлакнести кози.

Овие две раси играат важна улога во одржувањето на рамнотежата на екосистемот во планинските предели на оваа балканска земја. А, традиционалните раси на домашни животни обезбедуваат биодиверзитет и вреден локален генетски базен, истакнуваат основачите на Академијата