Како би изгледале „Пријатели“ доколку ги глумат бебиња?/ВИДЕО

31

Серијата „Пријатели“ беше премиерно прикажана пред повеќе од 30 години, а луѓето сè уште ја сакаат и ја гледаат со истиот жар, можеби дури и повеќе отколку кога првично беше емитувана.

Иако за жал изгубивме еден од „Пријателите“ – Метју Пери, сите сакаат да гледаат и слушаат што се случува со актерската екипа, да научат некои тајни од снимањето, а има и такви кои сакаат да користат вештачка интелигенција за да создаваат работи поврзани со нив.

Така, видеото сега стана вирално на социјалните мрежи, кое покажува како Џои, Чендлер, Рос, Фиби, Моника и Рејчел би изгледале како мали деца.

Ова видео воодушеви многумина, а на една страница на Инстаграм доби повеќе од 1,2 милиони „лајкови“ за еден ден.

ИЗДВОЕНИ