Поранешниот НБА-играч на Детроит и на Оклахома, кој своевремено ги бранеше боите и на мадридски Реал, Кајл Синглер (36), објави вознемирувачки видеопораки на Инстаграм, со кои ја шокираше јавноста.
Шампионот во НЦАА-лигата со тимот на Дјук во 2010 година, во мрачна атмосфера, полугол, зборуваше за работите што го вознемируваат.
Бев малтретиран, злоупотребуван, запоставен, претворен во пример за некој со ментална попреченост. Секој ден се плашам за мојот живот! Луѓето ме гледаат како некој што ќе биде проблем, а јас само сакам да помогнам. Секој ден фрлаат го**а на мене. Чувствувам дека имам сила и цел што не се ценети или третирани правилно – започна Синглер.
View this post on Instagram
Former NBA player Kyle Singler posts video on IG stating “I fear for my life every day….” pic.twitter.com/5WVLETy1UH
— Vision4theBlind (@Vision4theBlind) November 12, 2024
На неговата вознемирувачка порака одговорија неколкумина играчи на НБА.
- Те сакам, Кајл! Јави ми се кога сакаш. Те замолувам. Сите вие што поминавте време со Кајл Синглер, ве молам, покажете му ги љубовта и поддршката што му требаат и што ги заслужува. Не би бил тоа што сум денес да не беше тој. Му должам за тоа. До семејството на НБА, семејството Дјук, заедницата во Јужен Медфорд: „Ајде да му покажеме дека сме тука еден за друг – изјави Лав, кој му беше ривал на Синглер во НЦАА, како играч на УЦЛА.
Исто така, се јави и Андре Драмонд.
- Не си сам, брат, јас сум тука за тебе – одговори Драјмонд, а слична порака испрати и Ајзеа Томас.
Синглер беше 33. пик на драфтот во 2011 година. За Детроит играше од 2012 до 2015 година, а за Оклахома Сити тандер – до 2018 година. Беше член на втората најдобра дебитантска петорка, а кариерата ја заврши со просек од 6,5 поени и 2,9 скока на натпревар.